Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула се повлече од проблематичниот втор круг на избори од јуни, чија ревизија се изведува под надзор на ОН.
Потегот го објавија портпаролот на Абдула и официјално лице на ОН во среда, што натамошно ја компликува политичката транзиција на Авганистан.
Ревизијата е дел од посредничките напори на американскиот државен секретар Џон Кери.
Вашингтон се надеваше дека процесот ќе заврши и новиот претседател биде инаугуриран до крајот на овој месец.