Линкови за пристапност

Советот за безбедност на ОН повикува на „непристрасна“ истрага по израелскиот напад


Советот за безбедност на ОН повикува на „непристрасна“ истрага по израелскиот напад
Советот за безбедност на ОН повикува на „непристрасна“ истрага по израелскиот напад

Советот за безбедност на ОН повика на „непристрасна“ и „транспарентна“ истрага за смртоносниот израелски напад на бродови со помош упатени за Газа

Советот за безбедност на ОН повика на „непристрасна“ и „транспарентна“ истрага за смртоносниот израелски напад на бродови со помош упатени за Газа.

По неколку часа итни преговори, 15-члениот Совет се согласи на изјава рано во вторник со која се осудуваат актите што резултирале во смрт на најмалку деветмина цивили.

Изјавата повикува на истрага „согласно со меѓународните стандарди“, но не кажува кој треба да ја спроведе истрагата.

Американскиот Заменик-амбасадор во ОН, Алехандро Волф, кажа дека САД поддржуваат внатрешна истрага на Израел. Тој рече дека САД имаат доверба дека Израел може да изведе „веродостојна“, „непристрасна“ и „транспарентна“ истрага.

Но, мексиканскиот амбасадор Клод Хелер, кој го презеде претседателствувањето со Советот на полноќ со менување на месецот, кажа дека неколку членови на Советот, меѓу кои и Мексико, инсистираат на независна истрага.

Израелските командоси се судрија со про-палестински активисти по спуштањето од хеликоптери на турски брод што ја предводел флотилата. Конвојот од шест бродови носел околу 700 лица и 10.000 тони хуманитарен материјал во Појасот Газа наспроти тригодишната израелска блокада на регионот.

Советот за безбедност побара Израел веднаш да ги ослободи бродовите и цивилите што ги држи.

XS
SM
MD
LG