Линкови за пристапност

САД го предупредија Иран дека има уште една шанса пред воведување нови санкции


САД го предупредија Иран дека има уште една шанса пред воведување нови санкции
САД го предупредија Иран дека има уште една шанса пред воведување нови санкции

Американски официјални лица велат дека посетата на бразилскиот претседател на Иран може да биде последна шанса за дипломатско решение по прашањето за нуклеарната програма

Американски официјални лица велат дека посетата на бразилскиот претседател на Иран може да биде последна шанса за дипломатско решение по прашањето за нуклеарната програма.

Американски официјален претставник од Вашингтон, кој сакаше да остане анонимен, предупреди дека Иран најверојатно ќе добие нов пакет санкции ако претстојната посета не даде резултат.

Предупредувањето уследи откако Белата куќа јави дека на американски и руски преговарачи им е речено да ги интензивираат напорите за нова резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Во соопштението се вели дека американскиот претседател Барак Обама и рускиот колега Дмитри Медведев зборувале за прашањето по телефон.

САД и други држави го обвинуваат Иран за развивање на нуклеарно оружје. Тие се залагаат за воведување четврти по ред пакет санкции врз Техеран.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва не поддржува нови санкции и работи во правец на постигнување евентуален компромис.

XS
SM
MD
LG