Линкови за пристапност

ОН: Палестинците поднесоа барање за државност


ОН: Палестинците поднесоа барање за државност
ОН: Палестинците поднесоа барање за државност

Израел предлага моментално отпочнување на мировни преговори

Палестинскиот лидер Махмуд Абас во петок побара од Обединетите нации да ја признаат државата Палестина, и покрај американската и израелската опозиција на потегот.

Обраќајќи се на Генералното собрание откако прими стоечки овации, претседателот на Палестинската управа Израел го нарече „окупаторска сила“ и кажа дека израелската контрола на палестинските енклави е политика на „колонијална окупација на населби“.

Абас кажа дека заради проширувањето на израелските населби на палестински територии, мировниот процес бил прекинат, оставајќи ги Палестинците без друга алтернатива освен барање на државност унилатерално. Тој додаде дека израелското проширување на населбите е закана за егзистенција на Палестинците.

Израел е против потегот на Палестинците велејќи дека тоа не е во прилог на блискоисточниот мир.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во говор подоцна во петокот предложи моментално почнување на мировни разговори во ОН, доколку двете страни се сериозни за постигнување договор. Тој го реафирмираше ставот на Израел дека мир не може да дојде со резолуции на ОН.

XS
SM
MD
LG