Десет членови на советот гласаа за резолуцијата во четврток и ниедна држава не гласаше против. Пет членки – Бразил,Кина, Германија, Индија и Русија – без воздржани.
Резолуцијата ги авторизираше членките на ОН да ги преземат „се` што е неопходно“ за заштита на цивили, вклучувајќи и забрана на сите летови над Либија.
Документот исто така изрази голема загриженост за ситуацијата што продолжува да се влошува во Либија и повикува на моментален прекин на огнот и крај на сите насилства против цивили.
Илјадници луѓе излегоа на улиците на упориштето на либиските бунтовници Бенгази, поздравувајќи го гласањето во ОН и славејќи со истрели од огнено оружје и огномет.
Гадафи ги предупреди бунтовниците да се предадат зашто во спротивно ќе се соочат со неизбежен напад. Тој рече дека неговите сили нема да покажат милост и ја отфрли резолуцијата како безвредна.
САД почнаа да прават планови за спроведување на Зоната на забрането летање.
Италија нуди за таа намена да се да се употреби воздухопловната база Сигонела на Сицилија, а Канада соопшти дека ќе испрати шест борбени авиони во регионот.