Доктрината на ОН, позната како „одговорност да се заштити“, е релативно нов концепт.
Џаред Генсер, правник кој работел на уредување на книгата на оваа тема, објаснува:
„Тоа е доктрина усвоена од ОН на Светскиот самит во 2005, што вели дека сите држави имаат обврска да ги заштитат сопствените граѓани од масовни свирепости, што вклучува геноцид, воени злосторства, кривични дела против човештвото и етничко чистење“.
На 15 февруари започнаа протести во Либија против владеењето на полковникот Моамар Гадафи. Тој одговори со масивна сила, дури употребувајќи авиони за напад на цивили.
Единаесет дена подоцна, што Генсер го опишува како рекордно време, Советот за безбедност се повика на „одговорност за заштитување“ и постави строги мерки против владата на Гадафи.
Според Генсер, ова е прв пат Советот за безбедност да се повика на таа доктрина во случај кога се работи за специфична земја.
Но ова не го спречи Гадафи да продолжи со своите методи на задушување на бунтовништвото.
Многу експерти велат дека иако сегашната резолуција се повикува на „одговорноста да се заштити“, ОН сепак не одат доволно далеку. За тоа да се поправи Генсер вели потребна е нова резолуција, што повикува на меѓународно администрирана зона на забрането летање. Но со тоа не се согласуваат сите. Особено Русија и Кина не можат да се доведат на иста страница со другите кои се залагаат за ова. А двете имаат право на вето на секоја резолуција на Советот.