Линкови за пристапност

Обама реагира на коментарите на Ахмадинеџад


Иранскиот лидер кажа дека „најголем дел од луѓето во светот“ веруваат дека американската влада била одговорна за за нападите во 2001. Тој рече дека само американски владини претставници веруваат дека терористичка група била зад нападите на Њујорк и на Пентагон.

Американскиот претседател Барак Обама во петок коментарите на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за терористичките напади од 11 септември 2001 ги нарече „навредливи“ и „полни со омраза“.

Иранскиот лидер кажа дека „најголем дел од луѓето во светот“ веруваат дека американската влада била одговорна за за нападите во 2001. Тој рече дека само американски владини претставници веруваат дека терористичка група била зад нападите на Њујорк и на Пентагон.

Обама за Персискиот сервис на БиБиСи изјавил дека било особено навредливо за Ахмадинеџад да каже такво нешто, недалеку од Граунд зеро, местото каде некогаш стоеше Светскиот трговски центар.

Американската и некои други западни делегации излегле за време на неговиот говор во Генералното собрание на ОН.

Иранскиот лидер исто така кажа дека луѓето „во американската влада“ може да ги оркестрирале нападите со цел да го променат курсот на американското економско опаѓање и да го спасат Израел.

Претседателот Обама исто така рече дека „нема извинување“ за коментарите на претседателот Ахмадинеџад во градот каде „луѓе од сите вери“и етничка припадност на нападите гледаат како на „трагедија на оваа генерација“.

XS
SM
MD
LG