Линкови за пристапност

Обама во ОН го предупреди Иран за нуклеарната програма


Во обраќање пред Генералното собрание на ОН во четврток, Обама кажа дека Иран се смета за одговорен заради неисполнувањето на своите обврски како член на меѓународната заедница.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека санкциите на ОН усвоени годинава против Иран заради нуклеарната програма покажуваат дека меѓународното право не е „празно ветување.

Во обраќање пред Генералното собрание на ОН во четврток, Обама кажа дека Иран се смета за одговорен заради неисполнувањето на своите обврски како член на меѓународната заедница.

Тој рече дека вратата за дипломатија останува орворена, но дека Иран мора да покаже дека има мирољубиви намери со својата нуклеарна програма.

Многумина во меѓународната заедница сметаат дека Иран сака да развие нуклеарно оружје, обвинение што Иран го отфрла.

Американскиот претседател исто така повика за меѓународна поддршка за израелско-палестинскиот мировен процес во надеж да се обезбеди сеопфатен договор во рок од една година.

XS
SM
MD
LG