Американскиот претседател Барак Обама повикува на меѓународна поддршка за израелско-палестинскиот мировен процес за двете страни да можат да работат заедно кон сеопфатен мировен договор во рок од една година.
Според забелешките подготвени за говорот во чатврток пред Генералното собрание на ОН, Обама ќе каже дека е време да се надминат децениските „одбивања и омраза“ и да се помогне на двете страни да постигнат договор што ќе води до нова, независна држава Палестина „што живее во мир со Израел“.
Претседателот исто така ќе им каже на државите кои поддржуваат независна палестинска држава дека „мора да престанат да се обидуваат да го урнат Израел“, и да ја усогласат нивната вербална поддршка со политичка и финансиска поддршка.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху порано месецов ги продолжија директните мировни разговори во Вашингтон. Разговорите со посредство на САД потоа се преместија во Египет и Ерусалим.