Линкови за пристапност

Нуклеарните прашања централни во говорот на Обама пред ОН

Ширењето на нуклеарното оружје се очекува да биде едно од главните прашања на кои ќе се осврне претседателот на САД кога ќе зборува пред Генералното собрание на ОН во четврток

Кога на претседателот Обама ќе му дојде редот да зборува пред Обединетите нации, многу од темите на кои ќе се обрати ќе бидат познати, вели прес-секретарот на Белата куќа, Роберт Гибс. Според него нуклеарната пролиферација ќе биде високо на листата.

Многу од прашањата за кои се зборувало минатата година во ОН, како што е загриженоста заради Иран и Северна Кореја, ќе бидат повторно посочени, рече Гибс.

Во обраќањето во 2009 пред ОН, Обама ги повика на одговорност Иран и Северна Кореја за нивните нуклеарни активности.

Тој тогаш рече – деколку Иран и Северна Кореја изберат да ги игнорираат меѓународните стандарди, ако продолжат со потрагата по нуклеарно оружје наместо да се грижат за регионалната безбедноста и можностите за нивните народи; ако не обрнуваат внимание на опасностите од ескалирањето на трката за нуклеарно вооружување во Источна Азија и на Блискиот исток, тие мора да се земат на одговорност.

Во годината што уследи немаше знаци дека Северна Кореја сака да се врати на шестпартитните разговори за нуклеарната програма. Пјонгјанг ги напушти овие разговори во април 2009.

САД поставија четврти пакет санкции спрема Иран во јуни заради одбивање да запре со збогатувањето на ураниум. САД го обвинуваат Иран за постојано кршење на санкциите на ОН.

САД во изминатава година направија поголем напредок во работа со Русија за намалување на нуклеарните арсенали на двата ривали од поранешната Студена војна, што беше една од главните точки на говорот на претседателот пред ОН минатата година.

Новиот договор меѓу претседателите на двете држави беше потпишан во април, во Прага. Сенатската комисија за надворешни работи во четвртокот го одобри договорот. Сега треба да го усвои целиот Сенат и руската Дума.

Според Гибс, за ова претседателот Обама ќе зборува во говорот пред ОН оваа година.

Претседателот најверојатно ќе посвети дел од говорот и на мировниот процес на Блискиот исток, како што беше случај и минатата година.

Со посредништво на САД, двете страни неодамна започнаа нова рунда разговори , со цел да се договорат за сите поважните прашања во рок од една година.

Многу веројатно е дека Обама ќе ја спомене и инволвираноста на САД во Ирак, исто како во 2009.

Рокот што тогаш го постави е исполнет и околу 50.000 американски трупи остануваат во Ирак за изведување на цивилни должности, и ако евентуално е потребно борбена интервенција.

На маргините на Генералното заседание Обама ќе има бројни билатерални средби со други светски лидери. Меѓу другите, тој ќе седне со кинескиот премиер Вен Џиабао и со јапонскиот премиер Наото Кан.

XS
SM
MD
LG