Линкови за пристапност

Светските лидери дискутираат за милениумските цели


Светските лидери дискутираат за милениумските цели
Светските лидери дискутираат за милениумските цели

Иницијативата бара напредок во осум области, вклучувајќи и постапување по екстремната сромаштија , намалување на морталитетот меѓу децата, подобрување на здравјето на мајките и обезбедување на пристап до основно образование

Светските лидери се собраа за самитот на ОН чија цел е драстично намалување на глобалната сиромаштија, гладта и болестите во следните пет години.

Тридневниот самит што започнува во понеделник во Њујорк здружи 140 претседатели и премиери да го ревидираат напредокот по Милениумските развојни цели поставени во 2000.

Иницијативата бара напредок во осум области, вклучувајќи и постапување по екстремната сромаштија , намалување на морталитетот меѓу децата, подобрување на здравјето на мајките и обезбедување на пристап до основно образование.

Во извештај објавен порано годинава, ОН кажаа дека дополнителни напори, неколку од тие цели најверојатно нема да бидат исполнети во многу држави.

Економската криза им наштети на напорите на собирање пари, но генералниот секретар Бан Ки-мун кажа дека економската неизвесност „не може да биде изговор“ за запирање на развојните напори.

ОН велат дека самитот се очекува да биде затворен со план да се напредне по секоја од осумте цели до 2015.

XS
SM
MD
LG