Линкови за пристапност

Македонија од поинаков агол


Македонија од поинаков агол
Македонија од поинаков агол

Политичкото претставување на Македонија во меѓународни рамки е несомнено важно, но личното доживување на нејзините убавини е она што најмногу ќе не приближи до светот.Еве што прави група Американци за доведување на нивни сонародници во Македонија, земјата што ги фасцинирала.

Ако сакате да ги чуете најубавите работи за Македонија, оставете странци што ја посетиле земјата да зборуваат. Како овие ентузијасти овде: Карен, Сузан и Даг, кои дојдоа на конференцијата на Обединетата македонска дијаспора во Торонто, да ја презентираат нивната програма за планинарење/пешачење и фотографирање низ Македонија.

Како дошле на идејата?

Сите на некој начин се поврзани со Боб Муроу, директор на огранокот на рекреативната организација YMCA во Баскин Риџ, Њу Џерси.

На Даг Манч, кој се занимава со фотографија и организира фотографски тури по убави места за сликање во САД, тој му рекол: „Зошто не во Македонија?“ На Даг не му требало многу убедување. На десетдневното патување тој вели дека го посетил секое ќоше на земјата. Историјата го воодушевила.

Македонија од поинаков агол
Македонија од поинаков агол

Се вратил со фотографии за кои вели дека се надева дека ја доловуваат убавината што ја видел.

Сузан Риџио и Карен Вит веќе правеле планинарски експедиции до интересни локации. Сугестијата на директорот Муроу да ја вклучат и Македонија, ги одвела таму во август минатата година.

Сузан ги поведе присутните на конференцијата на медитативно патување низ Македонија, преку шуми, до планински извори, до манастири до кои не водат патишта, до места каде историјата, велат, ве занемува.

Македонија од поинаков агол
Македонија од поинаков агол

Сега двете се организатори на експедицијата што ќе се случи во мај 2011. Подготовките се во завршна фаза. Останува само маркетингот.

Карен вели дека веднаш виделе оти Македонија е прекрасно место за доведување група одовде, да се искачат по планините и да ги посетат манастирите, националните паркови, културни и историски знаменитости и да се дружат со локалци. Зашто, колку што биле маѓепсани од убавинитешто ги виделе, толку биле воодушевени од луѓето.

Сузан вака ги опиша: „Отворени, пријателски, кои силно живеат во сегашниот момент, прават да се чувствувате како да сте најважното нешто на светот.“

Даг вели дека изминатава година искусил некој вид на „заразен ентузијазам“ за Македонија. „Навистина се радувам“, вели тој, „што ќе го проширам моето познавање за државата и ќе го споделам тој ентузијазам со другите.“

XS
SM
MD
LG