Линкови за пристапност

Битов: Македонија ми е во срцето


Битов: Македонија ми е во срцето
Битов: Македонија ми е во срцето

Џон Битов е легенда за Македонија и за Македонците во светот. Изминатиов викенд во Торонто, Канада, на Втората глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора му беше доделена награда за животно дело

Во хотелот Шератон, во центарот на Торонто, во Канада, викендов што измина се одржа голем настан за Македонија и Македонците надвор од нејзините граници.

Обединетата македонска дијаспора, организација под раководство на претседателот Методија Колоски, овде ја одржа својата втора глобална годишна конференција.

Во извонредно богатата програма уште од првиот ден, организаторите најдоа за потребно да го почестат човекот што остави силен печат во борбата светот да дознае за македонското прашање - Џон Битов. Неговата биографија, добиени признанија и активности во кои учествувал се преобемни и за фактичко набројување, но овде само ќе кажеме дека овој горд Канаѓанец никогаш не го заборавил своето македонско потекло.

Денес себе си се претставува само како – пензионер:

„Пензиониран сум, минувам многу време со сопругата и со внуците, малку голф, седам на неколку бордови на големи корпорации, но имам многу време.“

За наградата, вели, многу е почестен. Особено што доаѓа од оваа организација, која ја нарекува „број еден“ меѓу сите слични во кои бил инволвиран во текот на животот. А тој живот, еве како самиот го сумира:

„Иако сум роден во Канада, доаѓам од семејство,произлегувам од мајка и татко кои беа стопроцентно посветени на Македонија и дома зборувавме само македонски. Братот на мајка ми беше еден од првите основачи на македонска организација.. Доаѓам од семејство кое секогаш било инволвирано во македонското прашање. Дури и покрај тоа што Македонија беше во Југославија, а Југославија беше комунистичка, а јас никогаш не го признав комунизмот бидејќи верувам во капиталистички систем, сепак одев во Македонија, многу, многу пати, помагав и работев со многу претседатели , од кои многумина ми станаа блиски пријатели. Македонија секогаш била во моето срце. И така ќе биде додека умрам.

XS
SM
MD
LG