Линкови за пристапност

Источна Украина: Објавен прекин на огнот


Останува прашањето колку ќе биде почитуван

Прекинот на огнот во источна Украина има за цел запирање на борбите меѓу украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Москва. Сепак, украинските власти предупредија дека постои ризик од негово непочитување.

Според прекинот на огнот, објавен во Минхен од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, двете страни треба да се придржуваат до договорот од Минск постигнат пред две години и да го повлечат тешкото вооружување од фронтот.

Сепак само неколку часа пред министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Франција и Германија да го објават договореното, сепаратистички лидер објави закани.

Александар Хаг, раководителот на мисијата за мониторинг на ОБСЕ вели дека има значајно намалување на инцидентите, но предупреди дека се' уште има присуство на тешко вооружување на линијата на разграничување.

САД ја нагласија солидарноста со Украина.

Според соопштение на Белата куќа, „Потпретседателот ја подвлекол американската поддршка за украинскиот суверенитет, територијалниот интегритет, и правото на самоопределување и нагласил дека САД не ја признаваат руската окупација и обидот за анексија на полуостровот Крим.

XS
SM
MD
LG