Линкови за пристапност

Притворени тројца Украинци за хакерски напади во САД


Групата е осомничена за напаѓање на продажните системи на илјадници ресторани

Тројца лидери на криминална кибернетска група од Источна Европа, се притворени за наводно хакирање на повеќе од 100 американски компании, и за кражба на податоци на милиони кредитни картички на клиенти изминативе години.

Надлежните во САД ги идентификувале тројцата Украинци Дмитро Федоров (44), Федир Хладир (33) и Андреј Колпаков (30).

„Истрагата продолжува. Знаеме дека ова не е целата група, но, направивме голем напредок“, изјави адвокатката Анет Хејс.

Инспекторите велат дека хакерската група е осомничена за напаѓање на продажните системи на илјадници ресторани во САД, како и на други малопродажни локации, а украдените информации подоцна биле продавани на интернет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG