Линкови за пристапност

Украинските власти ја осудија Русија за наводното обезглавување на заробен Украинец


Украинските власти ја осудија Русија откако на социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како маж во униформа обезглавува човек чија облека содржи симбол што го носат украинските војници.

Новинските агенции не можеа веднаш да ја потврдат автентичноста на видеото.

„Има нешто што никој во светот не може да го игнорира: колку лесно убиваат овие ѕверови“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака.

Зеленски рече дека видеото покажува „егзекуција на украински заробеник“ и дека „сите мора да реагираат“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјава за новинарите рече дека видеото е ужасно и дека нејзината автентичност треба да се потврди.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ги обнови критиките за руското ротирачко претседателство во Советот за безбедност на ОН и рече дека Русија „мора да биде исфрлена од Украина и ОН и да одговара за нивните злосторства“.

Некои материјали во овој извештај се искористени од агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG