Украинските сили извршија напад во понеделникот на нафтениот терминал на полуостровот Крим, окупиран од Русија.
Украинската војска соопшти дека локацијата што ја погодила во Феодосија била користена за снабдување на руските сили.
Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека соборило 12 украински беспилотни летала над Крим, како и други над руските региони Белгород, Курск, Брјанск и Воронеж.
Украина редовно ги погодува руските воени локации на Крим откако руските сили започнаа целосна инвазија на Украина на почетокот на 2022 година. Нападите ја попречија руската црноморска флота.
Официјални лица во главниот град на Украина, Киев, известија за руски воздушен напад врз градот во понеделникот. Градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм изјави дека делови од ракета паднале во неколку квартови на Киев, но дека нема извештаи за жртви.
Гувернерот на украинската област Черкаси рече дека противвоздушната одбрана соборила три руски беспилотни летала, додека гувернерот на Миколаив рече дека уште еден дрон бил соборен во тој регион.
Официјални лица во Суми рекоа дека украинската војска уништила осум руски беспилотни летала.
Некои информации за овој извештај дадоа агенцијата Франс прес и Ројтерс.
Facebook Forum