Линкови за пристапност

Украинските припаднички на армијата сè уште се борат во машки униформи


Речиси 68.000 жени служат во вооружените сили на Украина, а 10.000 од нив се борат против руските војници на фронтот
Речиси 68.000 жени служат во вооружените сили на Украина, а 10.000 од нив се борат против руските војници на фронтот

Од јуни, околу 68.000 жени служат во вооружените сили на Украина, а 10.000 се борат на фронтот. Жените заземаат позиции кои до неодамна се сметаа за машки и често завршуваа со машки униформи. Но, тоа можеби се менува, благодарение на волонтерите. Ирина Шинкаренко ја има приказната.

Речиси 68.000 жени служат во вооружените сили на Украина, а 10.000 од нив се борат против руските војници на фронтот, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Недостасуваат женски униформи во украинската армија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

„Може да ве разбудат среде ноќ, во 3 часот по полноќ, и ми велат дека има евакуација и дека треба да координираме, додека спасувачката екипа е на пат“, објаснува Лиза, која не наведе презиме од безбедносни причини.

Таа има прекар Лу. Била стоматолог пред војната. Во мај 2023-та им се придружи на вооружените сили и сега раководи со медицинскиот Центар со 72-рата бригада, помагајќи им на ранетите околу Вухледар на истокот. Но, и покрај тоа што служела 18 месеци, Лиза сè уште носи машка униформа.

Иако признава дека не е лошо.

Најдоброто нешто за оваа униформа се волнените маици и долната облека
Лиза, припадничка на армијата

„Најдоброто нешто за оваа униформа се волнените маици и долната облека. Иако долната облека е машка, таа е совршена. Тие се како шорцеви!“, објаснува Лиза.

Лиза сама си купува многу облека, но понекогаш ѝ помагаат и волонтери, како од украинската организација „Землијачки“ Од почетокот на војната, Землијачки им помага на Украинките на фронтот да го добијат она што им треба.

„Нашата организација започна преку мојата 12 години помлада сестра, која се приклучи на вооружените сили со нејзиниот сопруг на 24 февруари 2022 година. Сакаме да ѝ помогнеме нејзе и на нејзините соборци“, посочува волонтерот Андриј Колешник, соосновач на „Землијачки“.

Основачите на „Землијачки“ велат дека никој - дури ни Владата - не очекувал толку многу жени да се приклучат на армијата.

Волонтерите шијат униформи одобрени од Владата за жени во фабрика во регионите Харков и Киев. Следниот чекор, велат тие, е изработка на женски панцири.

Операторката со дронови Наталија Денисенко, има прекар „Слободна птица“, сè уште не ја добила својата женска униформа и вели дека повеќе не сака да носи машка.

„Секогаш има тешкотии зашто половината кај жените е помала отколку кај мажите. Телата се градени поинаку, така што добивам униформи кои не ми пасуваат.

Додека чека на соодветна униформа за неа, таа продолжува со својата должност во првите редови, иако сè уште не е соодветно облечена за тоа.

XS
SM
MD
LG