Линкови за пристапност

Украинската војска соопшти дека воздушната одбрана уништила 14 руски беспилотни летала


Русија негира дека нејзините сили користеле комуникациски систем Старлинк.
Русија негира дека нејзините сили користеле комуникациски систем Старлинк.

Украинската војска во понеделникот соопшти дека Русија нападнала во текот на ноќта користејќи 17 дронови и неодреден број наведувани проектили.

Украинската противвоздушна одбрана собори 14 беспилотни летала Шахед од Иран, како и една ракета, соопшти војската.

Пресретнувањата се случиле во неколку украински региони, вклучувајќи ги Хмелницки, Виниција, Кировохрад, Миколаив, Днепропетровск и Запорожје.

Регионалниот гувернер во Днепропетровск пријавил пожар во енергетски објект поврзан со нападот со руски беспилотни летала.

Нема извештаи за жртви.

Михаило Федоров, министер за дигитални прашања на Украина, за Ројтерс изјави дека Украина планира да произведе илјадници свои беспилотни летала со долг дострел оваа година, кои ќе можат да вршат напади длабоко во Русија.

„Категоријата на беспилотни летала камикази со долг дострел расте, со домет од 300, 500, 700 и 1.000 километри. Пред две години, оваа категорија воопшто не постоеше...“, изјави Федоров за Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање во неделата рече дека Украина работи на подобрување на воздушната одбрана и системите за електронско војување, идентификувајќи ги како клучни приоритети за оваа година.

И Русија и Украина ги интензивираа своите воздушни напади во последниве месеци, насочени меѓусебната критична енергетска, воена и транспортна инфраструктура.

Русија негираше дека го користела комуникацискиот систем Старлинк

Русија негираше дека нејзините војници го користеле сателитскиот комуникациски систем Старлинк во делови од Украина што ги контролира.

„Ова не е сертифициран систем кај нас, поради тоа, тој не може официјално да се испорачува овде и не е официјално испорачан. Според тоа, не може да се користи официјално на кој било начин“, им рече на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Демантот дојде еден ден откако военото разузнавање на Украина соопшти дека ги потврдило претходните извештаи дека руските војници користеле Старлинк за нивните комуникации на бојното поле. Сателитските терминали беа испратени во Украина по руската инвазија во 2022 година. Оттогаш, некои од овие територии во источна Украина се окупирани од руските сили.

„Регистрирани се случаи на употреба на дадените уреди од страна на руските окупатори. Почнува да добива системска природа“, го цитираше портпаролот Андриј Јусов, Главната управа за разузнавање (ГУР) на украинското Министерство за одбрана.

ГУР соопшти дека пресретнала размена меѓу двајца руски војници кои разговарале за поставување на терминалите. ГУР објави, како што рече, аудио клип од размената на Телеграм.

„Старлинк“ на 8 февруари соопшти дека нејзините терминали не биле активни во Русија и дека „Спејс Икс“ никогаш не ја продавал или пласирал услугата во Русија или дека испорачувал опрема на локации во Русија.

Во соопштението објавено на X, Старлинк не кажа ништо за нивната можна употреба во окупираните области на Украина.

„Доколку Спејс Икс добие сознание дека терминалот Старлинк го користи санкционирана или неовластена страна, ние го истражуваме тврдењето и преземаме активности за деактивирање на терминалот доколку се потврди“, се вели во соопштението.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG