Украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на неговиот кабинет се хоспитализирани со ковид-19 на почетокот на неделава, објави онлајн весникот „Украинска правда“.
„Опремена е специјална канцеларија да му се овозможи на претседателот да држи конференции“, изјавил претседателски советник во интервју за весникот.
Ројтерс објави дека портпаролката на Зеленски изјавила оти претседателот одлучил да оди во болница оти „има подобри услови за пацинетите. Ништо сериозно“.
На 9. ноември, кабинетот на Зеленски соопшти дека тој бил тестиран позитивен на ковид-19, додавајќи дека се чувствува добро и оти ќе продолжи да ги извршува обврските.
И други украински официјални лица, вклучувајќи ги министрите за финансии и одбрана, исто така, биле тестирани позитивни на вирусот.
Facebook Forum