Линкови за пристапност

Во Украина прекршен договорот за прекин на огнот


Двете страни се обвинуваат меѓусебно за непочитувањето на договореното

Украинската влада и бунтовниците што имаат поддршка од Русија меѓусебно се обвининуваат за кршење на прекинот на огнот што треба да стави крај на битките во источна Украина.

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин рече дека украинските сили биле нападнати 112 пати изминатиот ден од локации на бунтовниците во Доњецк и Луханск.

Повлекувањето на тешката артилерија од првите борбени линии на фронтот во Украина треба да почне на полноќ во понеделник, според постигнатиот договор за прекин на огнот. Но, портпаролот на украинската армија за Франс Прес изјави дека Украина не може да го повлече тешкото оружје затоа што постојано е напаѓана од бутовниците.

XS
SM
MD
LG