Линкови за пристапност

Украина чекор напред во НАТО-аспирациите


Парламентот изгласа закон што го укинува неутралниот статус на земјата; За Русија, потегот е непријателски

Украина појде чекор напред во аспирациите за членство во НАТО кога парламентот на земјата денес со големо мнозинство изгласа закон што го укинува неутралниот, неврзан статус на земјата. Статусот беше усвоен во 2010-та, по руски притисок, и ја спречуваше Украина да влегува во армиски сојузи.

Украинскиот претседател петро Порошенко најави дека ќе побара членство во НАТО додека властите во Киев се борат против бунтовниците поддржани од Русија во источна Украина.

Рускиот претставник во ОБСЕ, Андреј Келин, за руската новинска агенција Интерфакс го оцени потегот како непријателски и најави дека Москва негативно ќе возврати, но не даде детали. Вчера, рускиот премиер Дмитриј Медведев на својата Фејсбук-страница соопшти дека Украина би станала „потенцијален армиски непријател на Русија“ доколку го укине неутралниот статус.

XS
SM
MD
LG