Линкови за пристапност

Повеќе од 300 лица убиени откако е склучено примирје во Украина


Високиот комесар за човекови права вели дека до 6-ти октомври во насилството загинале најмалку 3.600 лица.

ОН велат дека во источна Украина се убиени најмалку 331 лице по примирјето од 5-ти септември меѓу сепаратистите поддржани од Русија и владините трупи. Во месечниот извештај Високиот комесар за човекови права при ОН подвлекува дека заклучно со 6-ти октомври, во насилството во источна Украина, загинале најмалку 3.600 лица, а речиси 9.000 се повредени. Зеид Раад Ал Хусеин ги повика сите страни да го почитуваат примирјето и „еднаш засекогаш“ да ги прекинат нападите врз цивили и цивилна инфраструктура. Во меѓувреме Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД, истакна дека ОБСЕ би распоредил погранични патроли во Источна Украина откако воените дејствија ќе престанат ќе се врати мирот. Нулад додаде дека САД обезбедиле 10 милиони долари на мисијата во форма на возила, камери и друга опрема.

XS
SM
MD
LG