Линкови за пристапност

Украинскиот претседател вели сепаратистичкиот исток ќе остане дел од Украина


Порошенко одби секаков разговор за „федерализација“ или тотална независност.

Украинскиот претседател Петро Порошенко вели дека ќе поднесе предлог закон до парламентот следната недела давајќи на делови од сепаратистичкиот исток поголема автономија, но задржувајќи како дел од Украина.

Порошенко ова го соопшти на средба на кабинетот во среда.

Тој вети специјален статус на некои области од регионите Донецк и Лухансккои се под контрола на бунтовниците, но одби секаков разговор за „федерализација“ или тотална независност.

Проруските сепаратисти последниве месеци се борат со бладините трупи во источна Украина.

Минатата недела украинската влада и бунтовниците се согласија на примирје што изгледа дека во најголем дел се почитува.

XS
SM
MD
LG