Линкови за пристапност

Украина не го прима рускиот конвој со помош


На добрата ќе им бил дозволен влез само ако претходно бидат подложени на инспекција од меѓународниот Црвен крст.

Украинскиот министер за внатрешни работи во среда инсистираше дека на рускиот конвој упатен кон источниот регион нема да му биде дозволен влез во државата.

Арсен Аваков конвојот го нарече „провокација од циничен агресор“. Русија вели дека близу 300 камиони кои заминале од Москва во вторник носат стотици тони помош за цивили во руското говорно подрачје во источна Украина.

Украина кажа дека на добрата ќе им биде дозволен влез само ако претходно бидат подложени на инспекција од меѓународниот Црвен крст. Од своја страна агенцијата за помош во вторник кажа дека немала директен контакт со руските власти во врска со пратките, и дека чека на информација за товарот на конвојот.

Останува нејасно кога конвојот ќе го заврши 750-километри долгото патување или што ќе се случи доколку биде конфронтиран на границата.

Но властите во Киев кажаа дека руските камиони може да го префрлат каргото на границата на камиони изнајмени од Црвениот крст, што ја опиша хуманитарната ситуација во источна Украина како очајна.

XS
SM
MD
LG