Линкови за пристапност

Украина: Воен авион соборен од Русија


Украинските сили го бараат екипажот на соборениот воен карго авион по должина на границата со Русија

Руската новинска агенција Интерфакс објави дека бунтовници испрашувале четворица од членовите на екипажот на авионот Антонов во Краснодон, на околу 30 милји западно од руската граница.

Проруските бунтовници тврдат дека го собориле авионот, но украинските официјални претставници велат дека авионот летал многу високо за да биде погоден од бунтовничкото оружје и дека „најверојатно“бил погоден од ракета од внатрешноста на Русија.

Моска не даде никаков коментар.

На прес-конференција, портпаролот на украинскиот Национален совет за одбрана и безбедност Андриј Лишенко ја обвини Русија за ескалирање на насилството последниве денови.

XS
SM
MD
LG