Линкови за пристапност

Путин нареди повлекување на руските трупи


Кремљ исто така го повика Киев веднаш да ги повлече трупите од источна Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на трупите кои изведуваат воени вежби во областите во близина на Украина да се вратат во своите домашни бази.

Кремљ ова го соопшти денеска, на само неколку дена од претседателските избори во Украина. Западните сили протестираа по распоредувањето на десетиците илјади руски трупи во близина на украинската граница, заради загриженост дека потегот може да значи подготовка за приграбување територија откако Русија го присоедини Крим во март.

НАТО изрази скептичност, велејќи дека чека на знаци дека повлекувањето навистина се случува.

Кремљ исто така во понеделник го повика Киев веднаш да ги повлече трупите од источна Украина.
XS
SM
MD
LG