Линкови за пристапност

ОН: Влошени човековите права во источна Украина


Русија кажа дека извештајот на ОН бил политички мотивиран и дека не е објективен.

Набљудувачите од ОН велат дека насилството од анти-владините групи во источна Украина предизвикува „алармантно влошување“ на човековите права среде политичката криза меѓу Киев и проруските сепаратисти.

Шефот за човекови права во ОН Нави Пилеј во петокот кажа дека наоѓањата на ОН исто така поттикнуваат длабока загриженост за малцинствата кои се соочуваат со заплашувања во Крим, регион во јужна Украина анексиран од Русија во март. Ниту Киев ниту неговите западни сојузници ја признаваат анексијата.

Русија кажа дека извештајот на ОН бил политички мотивиран и дека не е објективен.

Сепаратисти во источноукраинските провинции Донецк и Луханс одржаа референдуми за самоуправување во неделата, по што тие објавиле „независни народни републики“ во два региони. Сепаратистичките лидери овде кажаа дека нема да имаат претседателски избори што во Украина се планирани за 25 мај.

Сепаратистичките лидери во Донецк побараа од Москва да разгледа формално „абсорбирање“ на регионот во Руската Федерација.

Но, во четврток, руската новинска агенција Интерфакс цитираше портпарол на руското Министерство за надворешни работи како вели дека Москва не добила официјално барање за тоа.
XS
SM
MD
LG