Германскиот министер за надворешни работи е во посета на Украина да помогне во започнување на разговорите меѓу украинската влада и проруските сепаратисти по декларацијата на независност на два источни региони.
Франк-Валтер Стаинмаер е во Украина од вторник да подржи „национален дијалог“, дел од планот претставен од Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Источноукраинскиот регион Донецк објави независност во понеделникот и бара Москва да ја разгледа можноста да дозволи негово припојување кон Русија. Прорускиот лидер на источниот регион Лоханск исто така објави независност.
Сепаратистите во двата региони велат дека 90 проценти гласале во корист на одвојување од Украина на два одвоени референдуми во неделата. Резултатите не можат независно да се потврдат.
Украинското Министерство за надворешни работи изборите ги нарече „несмасни“ и вели дека анкетите на западни и украински агенции покажуваат дека оние кои живеат на исток преферираат обединета Украина.
Тоа ги обвинува „проруските терористи“ за заплашување на мнозинството да се произнесе и вели дека слободни и фер претседателски избори на 25-ти мај се приоритет за министерството.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, повика да заврши непочитувањето на украинскиот територијален интегритет.