Линкови за пристапност

Бајден во Украина


Неговата посета доаѓа во време кога ситуацијата во земјата останува напната и покрај договорот за стивнување на кризата

Потпретседателот на САД Џо Бајден пристигна во Киев за разговори со вршителот на должност претседател на Украина и со премиерот. Неговата посета доаѓа во време кога ситуацијата во источна Украина останува напната, и покрај договорот за намалување на кризата.

Официјални лица од Белата куќа соопштија дека Бајден ќе дискутира за напорите на меѓународната заедница да и` помогне на Украина да се придвижи кон спроведување уставни реформи, и за тоа што официјални лица од американската влада велат дека ќе бидат слободни и фер претседателски избори на 25-ти мај.

На Велигден во неделата примирјето беше кревко и траеше само неколку часа пред да се слушне престрелка на пунктот во прорускиот источен град Славјанск. Три лица биле убиени. Не е јасно што се случило.

Украина ги обвини руските специјални лица за нападот. Но, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров возврати дека украинската влада нема намера да ги контролира екстремистите, за кои рече, дека стрелаат врз невооружени цивили.

Лавров истакна дека Украина „грубо“ го крши минатонеделниот договор во Женева и ги повика сите вооружени групи во источниот дел да се разоружаат и да ги напуштат позициите. Договорот исто така повикува на мисија од европските набљудувачи.

Сепак, проруските демонстранти кои ја презедоа контролата врз владините згради во неколку украински градови, засега не покажуваат знаци за повлекување.
XS
SM
MD
LG