Линкови за пристапност

Вооружени про-Руси навлегуваат во украински градови


Во исто време, Украина води „антитерористичка операција“ за да ги врати владините згради заземени од демонстрантите.

Блиндирани носачи на персонал, со вооружени лица на неговиот покрив кои веат руски знамиња, влегоа во украинскиот град Словјанс во близина на руската граница, во среда.

Некои од лицата тврдат дека се украински војници кои ја промениле страната и станале проруски, кои веќе контролираат неколку владини згради во градот.

Исто така, вооружени про-Руси ја презедоа канцеларијата на градоначалникот и зградата на градскиот совет во Донецк – друг град каде сепаратистите бараат референдум за одвојување од Украина за да се приклучат на Русија.

Украина лансираше, како што вели, антитерористичка операција во вторник во обид да ги преземе назад владините згради заземени од демонстрантите.

Има различни извештаи за тоа дали се испукани куршуми, дали има жртви и кој што контролира.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека растечката криза во Украина ја довело земјата на работ на граѓанска војна.

Кремљ вели дека Путин ова го кажал за време на телефонски разговор во вторник, со германската канцеларка Ангела Меркел.

Претседателот Путин ја обвини украинската влада за одење по „антиуставен пат“ со употреба на сила против про-руски демонстранти кои презеле јавни згради во 10 југоисточни украински градови.

Кремљ вели дека рускиот и германскиот лидер се надеваат дека разговорите во Женева во четврток, меѓу ЕУ, Русија, Украина и САД, ќе ја покажат важноста од наоѓање мирно решение.
XS
SM
MD
LG