Линкови за пристапност

Украинскиот лидер вели дека акција против сепаратистите е во тек


Турчинов кажа дека акцијата започнала постепено и внимателно откако ултиматумот на Киев бил игнориран

Привремениот украински претседател вели дека започнал со задушување на про-руски демонстранти кои ги презеле владините згради во источна Украина.

Олександр Турчинов на законодавците во вторник им кажа дека владините сили започнале операција во регионот на Донецк, каде про-московските сили ги игнорираа претходните ултиматуми на Киев за предавање.

Турчинов на законодавците им кажа дека акцијата се изведува постепено и внимателно. Тој кажа дека Москва намерно ја потпалила ситуацијата на исток.

Опозициониот лидер Витали Кличко, коj помогнал во водењето на протестите кои го истераа про-рускиот претседател Виктор Јанукович од функцијата, го поттикна Турчинов да испрати украински вооружени сили во регионот да ги растера сепаратистите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека Москва ќе се повлече од вонредниот меѓународен самит закажан за четврток во Женева доколку Киев употреби сила во источна Украина.
XS
SM
MD
LG