Вршителот на должност претседател на Украина, Олександр Турчинов вели дека не е против национален референдум за тоа каков вид држава треба да биде Украина.
Турчинов во понеделникот кажа дека е сигурен оти мнозинството ќе поддржи обединета и независна Украина, која може да даде поголеми локализирани права на источниот дел на земјата. Тој кажа дека такво гласање може да биде одржано во исто време со претседателските избори на 25-ти мај.
Во Москва, рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник кажа дека верува оти Украинците кои зборуваат руски во источниот дел на земјата може да бидат дел од оние кои ќе го направат нацртот на новиот устав.
Про-руските демонстранти кои зазедоа владини згради во Украина во неколку градови, вклучувајќи уште една во Хорливка во понеделникот, бараат референдум за тоа дали да се одвојат од Украина и да се приклучат на Русија, слично како минатомесечното гласање во Крим.
Источна Украина е под силни тензии додека Турчинов се заканува дека ќе преземе „тотална анти-терористичка операција“ против оние кои ги презедоа зградите.
Но, рокот измина во понеделник наутро без никаков знак на движење од безбедносните сили против демонстрантите кои останаа зад барикадите во градот Словјанск и на други места.
Турчинов вети амнестија за оние кои ќе го предадат оружјето и излезат мирољубиво. Но, тој вели дека нема да дозволи Русија да ја преземе источна Украина на начинот како што го стори тоа со Крим.
Русија дојде под силна критика за време на вонредната средба во Советот за безбедност на ОН во неделата навечер.
Американската амбасадорка Саманта Пауер ги обвини Русите за „кореографирање“ на насилството во Украина.
Британскиот амбасадор Марк Лајл Грант вели дека сателитските снимки покажуваат тешко вооружени руски трупи стационирани во близина на украинската граница.
Русија инсистира дека има право да ги заштити оние кои зборуваат руски за кои вели дека се под закана во Украина. Русија ја обвинува привремената влада во Украина дека е анти-руска и дека е составена од анти-семитски екстремисти.
Рускиот амбасадор Витали Чуркин кажа дека Запад има моќ и влијание да ги притисне Украинците кон дијалог и подалеку од употреба на сила.
Украинскиот амбасадор Јуриј Сергеев кажа дека руските тврдења не кореспондираат со реалноста. Тој ги повика Русите веднаш да го запрат кршењето на украинскиот суверенитет.
Украинските специјални сили и про-руски паравојници разменија оган во источно-украинскиот град Словјанск во неделата, и двете страни известуваат за жртви. Про-руски вооружени лица ја презеле полициската станица во Словјанск и владини објекти во градовите Донецк и Крамоторск.
Врвни дипломати од Русија, САД, Украина и ЕУ треба да имаат вонреден состанок за кризата на 17 април во Женева. Претставници на Белата куќа велат дека американскиот потпретседател Џо Бајден ќе патува за Киев на 22 април.