Линкови за пристапност

Обама: Нема планови за употреба на сила во Украина


Американскиот претседател Барак Обама вели дека верува оти демократијата и владеењето на правото ќе триумфираат во Украина.

Обама зборуваше доцна во средата пред ентузијастичка публика во Брисел, по средбите со претставници на НАТО и ЕУ.

Тој кажа дека западните сили немаат планови да ја дислоцираат Русија од Крим со сила. Но тој рече, со време, доколку Запад остане обединет, Русија ќе признае дека не може да користи сурова сила да ги постигне своите цели.

Порано во денот, Обама кажа дека меѓународната заедница останува определена да ја изолира Русија заради анексијата на Крим, и дека прашањето ја потенцира потребата Европа да најде други извори за своите енергетски резерви.
XS
SM
MD
LG