Линкови за пристапност

Обама во Холандија за самит на Г7


Средбата на која ќе се дискутира за Украина се случува на маргините на самитот за нуклеарна безбедност во Хаг.

Американскиот претседател Барак Обама е во Холандија за вонредна средба во Хаг со други лидери на Г7 индустријализирани нации, за дискусии во врска со меѓународниот одговор на руската анексија на полуостровот Крим.

Средбата се случува на маргините на самитот за нуклеарна безбедност. Аналитичарите велат дека сесијата се чини насочена кон координирање на санкциите од Запад поставени спрема Москва откако руските трупи преминаа во Крим порани месецов. Групата исто така се очекува натамошно да ја евалуира цената од евентуални контра-мерки од Москва.

Обама и државниот секретар Џон Кери треба да се сретнат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Украина во понеделник кажа дека ги повлекува своите трупи стационирани во Крим, по анексијата на регионот од страна на Русија. Вршителот на должност претседател на Украина Олександр Турчинов кажа дека Министерството за одбрана било инструирано да ги прераспореди украинските сили од полуостровот на Црното Море.

Неколку часа пред соопштението на Турчинов, руските трупи ја презеле контролата на украинската армиска база во пристанишниот град Феодосија, користејќи гранати и автоматско оружје.

Новата про-западна влада на Украина во Киев беше критикувана за неодлучноста во однос на украинските трупи во Крим, кои беа под опсада од руските сили со недели.

Во Брисел во неделата, главниот командант на НАТО предупреди дека Русија распоредила „значителна“ армиска сила на своите граници со Украина, и кажа дека Москва може да сака да го прошири својот територијален досег спрема нови области.

Генералот на американското воздухопловство Филип Бридлав кажа дека Москва може да фрлила око на мал сепаратистички регион каде населението зборува руски на југозападната граница во Украина позната како Трансдниестер.
XS
SM
MD
LG