Линкови за пристапност

Обама соопшти дополнителни санкции за Руси инволвирани во Крим


Русија одговори со своја листа на американски претставници врз кои постави санкции.

Американскиот претседател Барак Обама објави нови санкции спрема Русија заради анексијата на Крим.

Зборувајќи во Градината на розите во Белата куќа, претседателот кажа дека поставува санкции за повеќе поединци и банка инволвирана во руската окупација на полуостровот на Црното Море. Претходно, САД поставија санкции за ограничување на патувањето и економска активност на неколку лица инволвирани акциите на Кремљ против Украина.

Претседателот исто така кажа дека разгледува натамошно проширување на санкциите, кои се однесуваат на сектори на руската економија како дополнение на специфичните поединци.

Обама кажа дека е длабоко загрижен за ситуацијата во Крим и дека работи со европските сојузници на формулирање одговор на руските акции.

Како одговор, руското министерство за надворешни работи во четврток објави дека поставува санкции, вклучувајќи и забрана за патување, за деветмина американски претставници, меѓу кои се републиканскиот сенатор Џон Мекејн и демократскиот сенатор Хари Рид.

Европските лидери, кои беа на средба во Брисел да разговараат за кризата, исто така се очекува да додадат имиња на листата од 21 претставник на Русија и Крим на кои ЕУ веќе им го ограничи патувањето и го замрзна нивниот имот во странство.
XS
SM
MD
LG