Рускиот претседател Владимир Владимир Путин го одобри нацрт-договорот за украинскиот регион Крим да стане дел од Русија, во потег што најверојатно дополнително ќе ги ескалира тензиите со Украина и со Запад.
Путин во вторник формално ја информираше неговата влада и рускиот парламент за барањето на Крим да се приклучи на Русија.
Вестите за чекорите преземени од Путин за инкорпорирање на Крим доаѓаат само еден ден откако го потпиша декретот за признавање на на Полуостровот Крим како „суверена и независна држава.“
Путин го потпиша декретот игнорирајќи ги САД и Европската Унија, кои го прогласија референдумот на Крим за отцепување од Украина незаконски.
Американскиот потпретседател Џо Бајден е во Полска во вторник за разговори со регионалните сојузници загрижени заради рускиот армиски упад во Крим. Бајден се среќава со лидерите на Полска и на балтичките држави Естонија, Литванија и Латвија.
По многу предупредувања, Вашингтон и Брисел ги поставија првите санкции на руски официјални лица во понеделникот заради нивната поддршка на гласањето во Крим.