Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека Русија ризикува да претпри голема политичка и економска штета доколку не го смени курсот во украинската криза. Во говорот во германскиот парламент, Меркел подвлече дека украинскиот територијален интегритет не е тема за која може да се преговара.
Западот и Русија се во напната ситуација поради рускиот армиски упад на Полустровот Крим во Украина.
Американскиот претседател Барак Обама синоќа ја предупреди Русија дека Западот „ќе воведе цена“ за Москва доколку продолжи да се меша во украинските работи. Коментирајќи од Белата куќа, со украинскиот преоден премиер Арсеник Јацењук покрај себе, Обама кажа дека Вашингтон целосно го отфрла референдумот на Крим дали да се отцепи од Украина и да се приклучи на Русија, што е закажан за недела. Тој рече дека референдумот, прикрпен за само неколку недели, го крши меѓународното право.
Јацењук се заблагодари за американската поддршка и рече дека неговата влада е апсолутно подготвена и расположена за разговори со Москва, но дека Украина никогаш нема да се предаде. Тој најави и дека неговата влада подоцна месецов планира да потпише договор за здружување со Европската унија.
Американскиот сенатор Џон Мекејн наводно ќе биде на чело двопартиската делегација што денес треба да пристигне во Киев. Според негов портпарол, посетата ја изразува конгресната поддршка за преодната влада и за аспирациите на украинскиот народ за слобода, демократија и територијален интегритет.
Во петок, пак, американскиот државен секретар Џон Кери во Лондон ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.