Американскиот претседател Барак Обама денес во Белата куќа ќе биде домаќин на преодниот украински премиер Арсениј Јацењук. Средбата, што се одржува време на напнатост меѓу Русија и Западот околу украинскиот регион Крим, ја подвлекува американската поддршка за новата влада и народот на Украина.
Обама на својата прва средба воопшто со Јацењук ќе разговара и за финансиската помош за Украина. САД веќе ветија пакет-помош од една милијарда долари.
Посетата на Јацењук доаѓа во време кога Крим, каде мнозинството на населението е руско, се подготвува за референдумот за приклучување на Русија, закажан за недела, а поддржан од официјална Москва.
Стејт департментот денес најави дека државниот секретар Џон Кери во петок ќе се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров во Лондон, за да разговара за референдумот.
Во денес објавената изјава, првите лица на Групата седум индустријализирани земји (Г7) ја повика Русија „да прекине со сите обиди да го промени статусот на Крим, што е спротивно на украинското право и го крши меѓународното право“ и „веднаш да запре со постапките“ што го поддржуваат редерендумот.
Во Г7 членуваат Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД.
Водачите на Г7 наведуваат дека нема да го прифатат резултатот од референдумот. Како што велат самите, руската анексија на Крим би ја прекршила Повелбата на ОН и најавуват дека земјите-членки на Г7 ќе преземат натамошна акција, и колективно и поединечно, под услов Русија да се реши на таков чекор.
Амедриканскиот Претставнички дом вчера со 403 гласа „за“ и 6 „против“ ја осуди Русија за прекршување на украинскиот суверенитет на Крим. Резолуцијата, исто така, бара во регионот да бидат распоредени меѓународни набљудувачи.
Кери вторникот по телефон му порачал на Лавров дека е неприфатливо руските сили и паравоените единици да ги преземаат работите во свои раце во Украина. Според портпарол на Стејт департментот, Кери рекол дека САД го почитуваат фактот дека Русија има интереси во Крим, но дека не ја оправдуваат руската армиска интервенција во регионот.
Москва официјално порекнува дека нејзините сили учествуваат во окупацијата на Крим. Па сепак, сведоци тврдат дека армиските сили, на чии униформи нема национални обележја, претходно месецов пристигнале на Крим во возила со руски регистарски таблички и без проблеми признаваат дека се Руси.