Шефицата за надворешна политика на Европската унија ветува силна меѓународна поддршка за Украина додека државата работи на формирање нова влада по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович.
Кетрин Ештон зборуваше на прес конференција во вторник додека беше во посета на украинскиот главен град Киев. Таа кажа дека западните финансиски институции работат на наоѓање начини да се помогне на украинската економија да се опорави од од тримесечната политичка криза. Ештон исто така ја поттикна Русија да и` дозволи на нацијата да си го најде сопствениот излезен пат од политичката криза.
Порано во денот, украинскиот парламент до четврток ги одложи плановите за избор на нова влада на национално единство. Спикерот на парламентот и вршителот на должност претседател, Олександр Турчинов, ова го соопшти во вторник, кога легислатурата треба да ги претстави своите нови лидери.
Извештаите велат дека одлагањето има за цел да дозволи натамошни консултации за прашањето.
Американскиот заменик државен секретар Вилијам Брнс во Украина треба да стигне во вторник. Тој се очекува да се сретне со Турчинов, како и со членови на парламентот.
Стејт Департментот кажа дека Брнс „ќе ја поттикне новата влада да ги преземе сите потребни чекори за слободни и фер претседателски избори во мај“.
Во понеделникот, привремената влада во Украина издаде налог за апсење за соборениот претседател Јанукович, обвинувајќи го за масовно убиство на анти-владини демонстранти.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни во понеделникот кажа дека САД се подготвени да обезбедат финансиска помош за Украина, како дополнение на помошта од Меѓународниот монетарен фонд за да и` помогне на земјата да инвестира повеќе во здравството и образованието.
Во Украина има поделена поддршка меѓу оние кои сакаат потесни врски со Европа и оние кои сакаат потесни врски со Русија. Соборниот претседател Јанукович се повлече од трговскиот договор со ЕУ во ноември, што предизвика протести кои доведоа до негово сомнување од функцијата.
Јанукович го напушти Киев во саботата.