Линкови за пристапност

Потпишан договорот за крај на кризата во Украина


Претседателот и опозиционите лидери се согласија да се врати во сила уставот од 2004-та, а парламентот го изгласа потегот, што беше поздравено до Белата куќа

Украинскиот претседател и тројца опозициони лидери потпишаа договор во петок за крај на политичката криза што се претвори во насилство неделава, оставајќи голем број мртви.

Спогодбата предвидува враќање на уставот од 2004, што ќе ги намали овластувањата на претседателската функција и ќе ги зголеми оние на парламентот, ќе овозможи поставување на влада на национално единство во рок од 10 дена и одржување предвремени претседателски избори подоцна годинава.

Договорот беше потпишан откако претседателот Виктор Јанукович попушти под притисокот на опозицијата и соопшти дека ќе одржи предвремени избори, ќе формира коалициона влада и ќе направи уставни промени. Соопштението дојде по цела ноќ преговори меѓу претставниците на неговата влада и политичката опозиција со медијаторство на дипломати од Европската Унија.

Кусо време откако беше потпишан договорот во петок, украинскиот парламент гласаше за реставрирање на уставот од 2004.

Парламентот исто така гласаше за отстранување на министерот за внатрешни работи Витали Закарченко кој е меѓу официјалните лица кои опозицијата ги смета за одговорни за убиството на десетици анти-владини демонстранти, и за дополнување на кривичниот кодекс на државата на начин што ќе дозволи пуштање на слобода на поранешната премиерка Јулија Тимошенко од затвор.

Белата куќа го поздрави договорот.

Американски официјални лица кажаа дека претседателот Обама ќе разговара за договорот со рускиот претседател Владимир Путин по телефон во петок.
XS
SM
MD
LG