Украинскиот претседател вели дека државата ќе одржи предвремени избори и вети дека ќе формира коалициона влада во напор да се прекине политичката криза со насилство што ескалираше минатата недела.
Претседателот Виктор Јанукович исто така вети дека ќе направи уставни промени за намалување на моќта на неговата функција. Соопштението дојде по цела ноќ преговори меѓу претставниците на неговата влада и политичката опозиција со медијаторство на дипломати од Европската Унија. Висок дипломат на ЕУ кажа дека владата и опозицијата се очекува да потпишат прелиминарен договор во петок. Опозицијата не коментираше.
Во меѓувреме, извештаите велат дека истрели биле испукани во петокот близу киевскиот Плоштад на независноста, епицентарот на антивладини протести. Украинската влада за истрелите ги обвини демонстрантите кои се бореле против полицијата, но тој извештај не е потврден.
Украина претрпе најкрвав ден во четвртокот кога борби избувнаа во централен киев меѓу полицијата и анти-владините демонстранти. Десетици луѓе беа убиени , некои од снајперски оган на владата, а некои извештаи велат дека имало над 70 загинати само во тој ден.
Стотици други биле повредени.