Линкови за пристапност

Тројца убиени во украинските протести


Во борби со полицијата во главниот град има извештаи за жртви, но официјално владата не ја потврди цифрата.

Украинската полиција и протестантите жестоко се судрија во близина на парламентот во Киев во вторник и извештаите велат дека најмалку тројца демонстранти биле убиени.

Пратеник во парламентот извести за загинатите на Фејсбук, а медицинските лица кои работеле во центрите за прва помош раководени од опозицијата кажаа дека можат да ја потврдат изјавата. Сепак, нема официјално соопштение за жртвите.

Тешки борби се случија откако полицијата се обиде да го растури маршот на зградата на парламентот во главниот град.

Видео од местото на настанот од Радио Либерти што е финансирано од САД покажува како протестантите ги натерале полицајците на повлекување со камења.

Полицијата одговорила со димни бомби, шок бомби и гумени куршуми.

Протестантите се собираа со недели повикувајќи на оставка за претседателот Виктор Јанукович откако тој се повлече од договор со ЕУ во ноември за сметка на поблиски врски со Русија.
XS
SM
MD
LG