Линкови за пристапност

Кери ќе се сретне со украинската опозиција во Минхен


Американскиот државен секретар Џон Кери во сабота ќе се сретне со членови на украинската опозиција кои водеа анти-владини протести во државата од ноември.

Кери, на посета во Германија, ќе одржи разговори со опозициониот политичар Арсени Јаценјук и со поранешниот боксерски шампион а сега активист Витали Кличко.

Во меѓувреме, украинските протестанти изразуваат лутина откако опозициониот активист Дмитро Булатов, исчезнат од 22 јануари, бил најден надвор од Киев во четвртокот со повреди на лицето. Булатов вели дека бил киднапиран од непознати киднапери и бил држен со денови пред да биде напуштен во шума. Тој кажа дека го нашол патот до блиско село од каде по телефон допрел до пријателите.

Канцеларијата за човекови права на ОН го повикаа претседателот на Украина Виктор Јанукович да ги истражи последните извештаи за смрт, киднапирање и тортура за време на националните политички немири. Портпарол на Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилеј, кажа дека комесарот е „запрепастен“ од извештаите.

Претседателот Јанукович, кој во четвртокот соопшти дека е на боледување, објави соопштение обвинувајќи ги опозиционите лидери за ескалирање на политичката криза и велејќи дека владата ги исполнила своите обврски за прекин на конфронтацијата, вклучувајќи ја и условната амнестија за уапсените протестанти и замена на неговиот премиер.

Украинското министерство за одбрана објави соопштение цитирајќи армиски претставници кои го повикуваат претседателот Јанукович да преземе „моментални мерки“ за стабилизирање на ситуацијата во државата.

Во неделата министерот за одбрана за руската агенција Итар –тас кажа дека украинските вооружени сили нема да се мешаат во политичкиот конфликт во државата.
XS
SM
MD
LG