Украинскиот претседател Виктор Јанукович ја прифати оставката на премиерот Микола Азаров и останатиот дел на кабинетот – клучно барање на неговите политички противници.
Украинската владина веб-страница оставката ја објави порано во вторникот преку соопштението на Азаров кој кажа дека сака да охрабри „општествено-политички компромис“, по две недели на протести кои кулминираа со насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Тој кажа дека се надева дека неговата оставка ќе креира можност за решавање на политичката криза на државата.
Исто така во вторник, парламентот ги повлече неодамна одобрените закони против протести кои предизвикаа насилни анти-владини протести во Киев и насекаде. Но претседателот Јанукович кажа дека амнестија за десетиците уапсени протестанти на демонстрациите единствено ќе биде имплементирана доколку активистите ги отстранат барикадите и ги напуштат улиците.
Белата куќа вели дека потпретседателот Џо Бајден му телефонирал на Јанукович да го поттикне парламентот да ги поништи законите против протести и да продолжи да работи со опозицијата за избегнување на насилството и намалување на тензиите.