Линкови за пристапност

Украинските протестанти го прошириле кампот по неуспешните разговори


Американскиот потпретседател го предупредил украинскиот лидер да ја „де-ескалира“ ситуацијата.

Украинските опозициони протестанти изградиле повеќе барикади на централниот плоштад во главниот град, рано во петокот, откако разговорите од доцна претходната ноќ не донеле резултат.

Опозициониот лидер и поранешен боксер Витали Кличко кажа дека неколкучасовните разговори меѓу него, другите опозициони лидери и претседателот Виктор Јанукович биле бесполезни:

„Долги часови разговор за ништо. Сега разбирам, да се седи на иста маса со човекот кој веќе решил да ве лаже, е бспредметно.“

Кампираните на Плоштадот на независноста во Киев, ја проширија областа на протести рано во петокот, иако кревкото примирје воспоставено претходниот ден продолжи да се држи.

До рано денеска немаше официјално соопштение од владата и ситуацијата останува нејасна.

Американскиот потпретседател Џо Бајден му телефонираше на претседателот Јанукович во четвртокот поттикнувајќи го на моментално де-ескалирање на ситуацијата.

Соопштението од Белата куќа вели дека тој исто така го предупредил украинскиот лидер дека „натамошното крвопролевање ќе има последици по односите на Украина со САД“.

Кризата започна со одлуката на претседателот на 21-ви ноември за повлекување од договорот со ЕУ во корист на потесни економски врски со Русија. Одлуката резултираше во мулти-милијардерска помош од Москва за која аналитичарите велат дека ја спасило државата од речиси сигурно банкротство.
XS
SM
MD
LG