Линкови за пристапност

Лавров вели дека Русија нема да се меша во Украина


Рускиот министер за надворешни работи сугерираше и другите држави да се држат настрана од конфликтот.

Средбата на НАТО министрите за надворешни работи во Брисел за разговори во врска со Авганистан, се најдоа во серија спорадични дискусии за политичкиот неред во Украина, вклучувајќи прашања за тоа како трансатлантската алијанса може да одговори доколку Русија испрати трупи преку границата за смирување на антивладините протести.

Министерот за надворешни работи Лавров вели дека тој не може да разбере зошто некој би го покренал прашањето за руско мешање. Тој зборуваше со новинари во седиштето на НАТО. Рече дека Русија постапува под претпоставката дека тоа е домашно прашање на Украина.

Лавров вели дека Москва не ја разбира агресијата на украинската опозиција спрема претседателот Јанукович, за кого вели дека го искористил неговото право на највисок извршен орган на државата за ратификување или нератификување на договори со Европската унија.

Украинскиот премиер Микола Азаров предупредува антивладините протести да престанат да ги зголемуваат тензиите додека групите за човекови права изразуваат загриженост за полициското задушување на демонстрациите.

Хјуман рајтс воч вели дека имало документирани инциденти во кои полицијата одгаварајќи на насилството на протестите ги тепала луѓето кои не се однесувале насилнички и во некои случаи предизвикала повреди на главата.

Премиерот Азаров кажа дека Украина сака натамошно да се интегрира во Европа, но дека не може да си дозволи да ја загуби трговијата со Русија, која е најголем странски инвеститор и трговски партнер на Украина и се противи на релациите на Украина со Европската унија.

Американскиот државен секретар Џон Кери на новинарите во седиштето на НАТО им кажа дека претседателот Јанукович „очигледно донел лична одлука“ со која украинскиот народ не се согласува.

Украинската опозиција не успеа да ја собори од власт владата со изгласување недоверба. Четириесет гласови недостигаа за мерката да помине.
XS
SM
MD
LG