Линкови за пристапност

Украина: Русија зазела клучен пограничен град


Руските трупи презеле и неколку околни села кај Новоазовск, соопштија украинските власти преку Твитер.

Украина вели дека пограничниот град Новоазовск во југоисточна Украина паднал во рацете на руската армија.

Украинскиот Совет за безбедност и одбрана ова го соопшти денеска преку Твитер, додавајќи дека руските трупи ја презеле контролата и врз неколку околку села.

Најновите случувања се причина што украинскиот претседател Петро Порошенко ја одложил посетата на Турција и свикал вонреден состанок на Советот за безбедност и одбрана.

Преку соопштение, Порошенко истакна дека ситуацијата во регионот на Донецк брзо се влошува и дека руските војници се всушност донесени во Украина.

Украинскиот амбасадор во ОБСЕ ја обвини Москва за „директна инвазија“.

Но рускиот амбасадор Ендрју Келин тврди дека руски војници не ја минуваат границата со Украина.

Мисијата на САД во ОБСЕ преку Твитер кажа дека „руските упади“ во Украина ќе бидат на врвот на агендата на актуелната средба на организацијата во Виена.

Одвоено, претставници на НАТО изјавија дека алијансата проценува дека во Украина се активирани преку 1.000 руски војници и дека Русите не само што ги поддржуваат туку и се борат на страната на сепаратистите.

XS
SM
MD
LG