Линкови за пристапност

Разговорите за руски гас во Украина продолжуваат


Билатералните разговори во Брисел за повторна достава на руски гас во Украина ќе продолжат денеска откако на првиот ден не беше постигнат договор.

Претставници од Русија, ЕУ и Украина се сретнаа во среда во обид да го решат спорот со гасот што и` се заканува на Украина на прагот на зимата.

Во јуни, Москва го запре испорачувањето на гас за Украина наводно поради неплатени енергетски сметки во висина од пет милијарди долари.

Претседателот на Европската комисија, Хозе Мануел Баросо, рече дека договорот е „на дофат“ и ги повика двете држави да ги финализираат разговорите.

XS
SM
MD
LG