Два американски воени брода се очекува да пристигнат во Црното Море оваа недела како демонстрација на поддршката на администрацијата на Џо Бајден за Украина, бидејќи се зголемуваат стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин размислува за напад врз неговиот сосед.
По должината на украинската граница е забележано зголемено движење на руски воени трупи, тенкови и ракети. Ова е најголемо движење после конфликтот на украинскиот полуостров во 2014-та година, соопштија украински и американски претставници. Русија спроведе најмалку три воени вежби за обука во непосредна близина на украинската граница од средината на март.
Минатата недела американскиот претседател Бајден го оствари својот прв телефонски повик со украинскиот претседател Володимир Зеленскиј од влегувањето во Белата куќа и, според соопштението на Белата куќа, „ја потврди непоколебливата поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
Испраќањето на воени бродови во Црното Море има за цел да ја потврди поддршката на Бајден.
Борбите меѓу Украинците и бунтовниците поддржани од Русија во украинскиот регион Донбас се интензивираа од крајот на јануари, а високиот функционер на Кремљ Дмитриј Козак, ја обвини Украина за судирите и издаде застрашувачко предупредување дека конфликтот веројатно ќе значи „Почеток на крајот“ за Украина, изјава која Киев и западните престолнини ја сметаат за закана.
Facebook Forum